Во Малезија поради поплави евакуирани повеќе од 22.000 луѓе

Од:

Повеќе од 22.000 луѓе се евакуирани денеска во Малезија поради најтешките поплави што ја зафатија земјата во последните седум години, покажуваат владините податоци.

Обилните дождови кои паѓаат од петокот во таа земја во Југоисточна Азија, инаку навикната на монсунските бури на крајот на годината, предизвикаа излевање на реките, поплавување на урбаните зони и блокирање на неколку патишта.

На веб-страницата на Владата се наведува дека повеќе од 22.000 луѓе се погодени од поплавите во осум држави во земјата, од кои повеќе од 10.000 во државата Паханг во центарот на Малезија.

Премиерот Исмаил Сабри Јакоб изрази изненадување што во најбогатата малезиска држава Селангор, која го опкружува поплавениот главен град Куала Лумпур, повеќе од 5.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови.

Тој рече дека тоа е изненадување бидејќи во сезоната на монсуни ретко се случуваат поплави во таа држава.

Според Владата, водата и денеска е на опасно ниво во шест држави во центарот и североисточниот дел на земјата.

Дождот во некои области се смири, но метеоролошката служба предупредува дека врнежите ќе продолжат во некои делови на државата Паханг.

Малезија имаше најголеми поплави во 2014 година, кога 118.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски