Во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК) кон крајот на декември по премиерен пат ќе се одржи манифестацијата „Златна Олимпија“, која има за цел да ги прослави спортските успеси и достигнувања на жените и девојките во спортот, и да ја афирмира заложбата и пораката за родова еднаквост во спортот.
Настанот кој се воспоставува од оваа година, а ќе биде традиционален, ќе биде насочен кон потврда на спортските достигнувања на жените спортисти и стимул за поголеми спортски достигнувања во иднина, соопшти МОК
На манифестацијата, што ќе се одржи на 26 декември со почеток во 17 часот, ќе бидат доделени награди во десет категории на најуспешните македонски спортистки.