Злоставуваните американски гимнастичарки ќе добијат отштета од 380 милиони долари

Од:

Над 500 гимнастичарки кои биле сексуално злоставувани од Лоренс Насар, поранешен лекар на американската репрезентација, би можеле да добијат отштета од 380 милиони долари од Американската гимнастичка федерација и Американскиот олимписки и параолимписки комитет, објави Њујорк Тајмс.

Со тоа би се затворило последното поглавје на еден од најголемите скандали во историјата на американскиот спорт. Договорот за спогодба беше објавен во текот на судската постапка во Индијана. Средствата, исто така, ќе ги обештетат олимписките победнички Симон Билс, Мекејла Марони и Али Рајсман.

Жртвите страдале од анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство, додека некои од нив се обиделе да се самоубијат поради злоставувањето од Насар, извршено под изговор за лекување.

Би можело да ве интересира

Талентирана гимнастичарка (23) загина по пад од 80 метри, поради селфи

Во Загреб уапсен 21-годишен маж, сексуално злоставувал над 30 малолетнички преку социјални мрежи

А1он

Германска истрага: Папата Бенедикт знаел за сексуалното злоставување деца во католичката црква

Катерина Ѓуровски

Гимнастичарката Бејлс спортска личност на годината во избор на „Тајм“

Ана Ололовска

Притвор за кумановецот кој ја злоставувал ќерка му и снимал со телефон, а видеата ги праќал на пријатели

Британски гимнастичари биле малтретирани и јаделе ќотек од тренери, поднесоа тужба

Жарко Настоски