Талентирана гимнастичарка (23) загина по пад од 80 метри, поради селфи

Од:

Талентираната чешка гимнастичарка Натали Стичова (23) загина откако падна од височина од 80 метри во близина на замокот Нојшванштајн во Германија.

Трагична смрт го потресе чешкиот спорт откако талентираната Стичова, позната гимнастичарка во својата земја, загина додека се обидувала да се фотографира на врвот на замокот.

Многу активна на социјалните мрежи, Натали често објавуваше фотографии на кои ужива во природа, а сега правењето на една таква ја чинеше живот.

Стичова падна од височина од 80 метри на планината Тегелберг, каде пристигнала да го види познатиот германски замок Нојшванштајн.

Според зборовите на нејзините пријатели, оваа талентирана гимнастичарка премногу се доближила до работ на планината додека се обидувала да ја направи посакуваната фотографија пред замокот и изгубила рамнотежа. Во моментот на несреќата со неа биле двајца пријатели и нејзиното момче Дејвид.

Несреќата се случила на 15 август, но Натали со денови била во критична состојба во болница каде веднаш по трагичниот настан била пренесена. За жал, семејството беше принудено да го прекине одржувањето во живот на младата гимнастичарка поради неповратно оштетување на мозокот, а веста за нејзината смрт ја потврди и нејзиниот клуб Сокол Прибрам.

Натали беше позната спортска ѕвезда во својата земја и активен корисник на социјалните мрежи. Таа често споделуваше фотографии кои ги правеше на планинските врвови. Неодамна почна да тренира и млади спортисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Смртоносната тајна на потонатата јахта: Потрага по тајните податоци на британскиот милијардер

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Несреќа на градилиште во Германија, еден загина, неколкумина повредени