Британски гимнастичари биле малтретирани и јаделе ќотек од тренери, поднесоа тужба

Од:

Тужба за физичко малтретирање против тренери и вработени во Федерацијата на гимнастички спортови на Велика Британија (БАГА) поднесоа денеска 17 британски гимнастичари, меѓу кои се тројца олимпијци.

– Физичкото злоставување го вршеле тренери и други вработени во БАГА во повеќе клубови ширум Велика Британија, кои меѓусебно биле поврзани со националната федерација, соопштија адвокатите ангажирани за судскиот процес од страна на поранешни британски гимнастичари.

Во тужбата меѓудругото, се наведува дека тренерите користеле непримерна физичка сила, вклучувајќи и физички напади врз гимнастичарите.

Гимнастичарите тврдат дела биле „малтретирани“ и „насилно казнувани“, што кај нив довело до психолошки повреди, вклучувајќи депресија и посттрауматско стресно нарушување.

Во време кога тврдат дека биле физичко злоставувани гимнастичарите биле на возраст од шест до 23 години, а возрасната граница на подносителите на тужбата во моментов е меѓу 15 и 43 години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он