Британски лекар: Децата инфицирани со Омикрон страдаат од невообичаен осип

Од:

Децата заразени со варијантата на коронавирус Омикрон може да добијат „невообичаен“ и агресивен осип“, изјави британскиот лекар Дејвид Лојд за Скај њуз.

Како што забележа лекарот, постојат одредени разлики во симптомите на децата инфицирани со Омикрон во споредба со возрасните.

„Симптомите како што се замор, главоболки и губење на апетит изгледаат доста важни, како и осипите“, рече тој.

Лојд нагласи дека мала група пациенти со Ковид-19 отсекогаш имале осип, но потенцираше дека „до 15 отсто од децата со Омикрон имаат необичен осип“.

Докторот додаде дека лекарите постепено учат повеќе за оваа варијанта на вирусот.

„Да се ​​надеваме дека Омикрон не е толку смртоносен како Делта и дека ќе можеме да се справиме со него. Но, да, времињата се загрижувачки, рече тој.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски