Тензија меѓу Борел и Курти за заедницата за српски општини на Косово

Од:

Попладнево во Брисел се одржа четвртиот Совет за стабилизација и асоцијација (ССА) помеѓу ЕУ и Косово, на површина излезе несогласувањето помеѓу двете страни за прашањето на заедницата на српски општини.

Покрај реформите за напредок кон ЕУ, главна тема на разговорите на денешниот Совет за стабилизација и асоцијација беше нормализацијата на односите помеѓу Србија и Косово, под медијаторство на ЕУ.

Косовската страна ја застапуваше косовскиот премиер Албин Курти, а ЕУ – Јосеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на Унијата.

Процесот на бриселскиот дијалог подразбира склучување и имплементација на низа договори помеѓу Белград и Приштина, еден од нив е договорот за Заедницата на српски општини на Косово кој не стапи на сила по одлука на Уставниот суд на Косово.

На новинарско прашање на оваа тема, Албин Курти денес одговори:

-Има 33 договори помеѓу Србија и Косово и две третини од нив не се имплементирани, но Белград сака да го споменува само едниот кој не го помина тестот на нашиот Уставен суд. Кога беше донесена одлуката на Уставниот суд, Србите на Косово не протестираа, протестираше само Белград, време е да имаме дијалог во корист на граѓаните, а не на политичарите, имаме потреба од демократски карактер на Дијалогот, изјави Курти.

На оваа изјава веднаш се спротивстави шефот на европската дипломатија со зборовите “и јас сум демократ“.

-Јас не им служам на политичарите, дијалогот е тука за да се решат отворените прашање и не се сложувам дека Уставниот суд оневозможува имплементација на овој договор, ова беше договорено од страна на претставниците на двете страни и ние мораме да продолжиме да бараме да се имплементира договорот, тој е важен, одговори Борел.

За Европската Унија воспоставувањето на Заедница на српски општини е дел од Бриселскиот договор за нормализација на односите со цел постигнување на правно обврзувачки договор помеѓу Србија и Косово, нагласи Борел и рече дека договорот за српските општини се справува со преокупациите на српската на заедница на Косово.

Шефот на европската дипломатија исто така додаде дека за сега не свикува нова рунда на Дијалогот затоа што не гледа подготвеност за напредок кај двете страни, иако тој се надева дека ќе има нова рунда до крајот на оваа година.

-Бескорисно е да свикуваме нова средба ако не гледаме дека условите можат да бидат исполнети, нема потреба за ништо да се среќаваме, рече Борел.

Тој нагласи дека е јасно ставено на знаење предуслов за нова рунда оваа година е подготвеност од двете страни.

-Нема таква подготвеност во овој момент, но годината не е завршена и ќе продолжиме да правиме сѐ што можеме, но не можеме на сила да ги тераме партнерите ако нема волја за ангажман, смета високиот претставник за надворешна политика.

Курти од своја страна додаде дека ако Борел смета дека е разумно да се организира средба тој ќе дојде и го пофали Брисел за договорот околу регистарските таблички постигнат на крајот на септември што овозможи деескалација на тензиите меѓу Косово и Србија.

-Тензиите беа високи и сега е стопроцентно имплементиран тој договор, тоа беше компромис за нас, рече Курти во однос на решението за налепници на таблиците кое важи за двете страни.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он