Омикрон презел дел од генетскиот материјал на настинка покажува студија

Од:

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон најверојатно собрала најмалку една од нејзините многубројни мутации со тоа што презела парче од генетскиот материјал на друг вирус, најверојатно оној што предизвикува обична настинка, кој е присутен кај истите заразени клетки, велат истражувачите.

Според светските агенции, ова не е забележано во ниту една претходните варијанти на коронавирусот, но е присутно кај многу други вируси, вклучително и оние кои предизвикуваат настинки, како и во човечкиот геном, велат експертите.

– Омикрон со преземањето на новиот „код“, се прави себеси „почовечки“, што може да му помогне да го избегне имунолошкиот систем“, рече Венки Саундарарајан, експерт во Nference, компанија за анализа на податоци со седиште во Кембриџ, Масачусетс. Саундарарајан го предводеше ова истражување објавено како „препринт“, што значи дека сè уште чека научна рецензија.

Откритието може да значи дека вирусот полесно се пренесува, но и дека предизвикува само блага или асимптоматска болест, што би било одлична вест за човештвото по речиси две години пандемија. Научниците сè уште не знаат дали Омикрон е позаразен од другите варијанти, дали предизвикува потешка форма на болеста или дали ќе ја надмине Делтата како најраспространета варијанта на коронавирусот.

Според претходните студии, клетките во белите дробови и гастроинтестиналниот тракт може да содржат САРС-КоВ-2 и вируси на обична настинка во исто време. Ова би овозможило рекомбинација на вируси, процес во кој два различни вируси во иста клетка домаќин меѓусебно дејствуваат додека се копираат себеси, создавајќи нови копии кои го имаат генетскиот материјал на двата „родитела“.

Истата генетска низа се појавува кај човечкиот коронавирус HCoV-229E, кој предизвикува настинки кај луѓето, како и кај вирусот ХИВ, кој предизвикува Сида, наведува Соундарарајан.

Јужна Африка, каде што првпат беше идентификуван Омикрон, има највисока стапка на заразени со ХИВ во светот, а тој го ослабува имунолошкиот систем и ја зголемува подложноста на лицето на инфекции со вируси на настинка и други патогени. Има многу луѓе во тој дел од светот кај кои можела да се случи рекомбинација, рече Соундарарајан.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски