Во близина на мароканскиот брег спасени речиси 150 мигранти

Од:

Мароканската Крајбрежна стража во близина на брегот спасила 147 африкански и азиски мигранти, кои се обидувале да стигнат до Европа со импровизирани чамци, јави денеска агенција МАП, цитирајќи воен извор.

На мигрантите, по потекло од субсахарска Африка и десетина азиски земји, им била укажана прва помош „пред да бидат префрлени во најблиските пристаништа, а потоа предадени на надлежните служби“, изјави воениот извор, без да прецизира каде точно се случило спасувањето во морето.

Илјадници мигранти, главно од субсахарскиот дел на Африка, и покрај зголемените контроли, сепак, секоја година се обидуваат да стигнат до Шпанија, преку Мароко, најблиската европска земја од мароканскиот брег.

Во перидот од 12 до 15 ноември мароканската Крајбрежна стража им пружила помош на околу 330 мигранти во Атлантикот и Медитеранот, објаснуваат марокански воени извори.

Агенцијата МАП јави дека безбедносните служби вчера уапсиле 117 мигранти.

Според проценки на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), во 2021 година на поморскиот пат кон Шпанија загинале најмалку 1.025 мигранти.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска