Мел Гибсон ќе го режира „Смртоносно оружје 5“

Од:

Мел Гибсон ќе го режира и ќе глуми во петтиот филм од серијалот „Смртоносно оружје“, чие снимање ќе почне следната година, објави „Сан“, додавајќи дека глумецот го најавил тоа во изјава за новинарите во Лондон.

За „Смртоносно оружје 5“ се зборува уште од 2020. Во декември таа година режисерот на претходните четири филма Ричард Донер потврди дека ќе сними нов дел од серијалот. Сепак, Донер почина на 91-годишна возраст во јули оваа година, но се чини, му оставил аманет на Гибсон да го доврши проектот.

– Ричард Донер беше одличен човек. Работеше на сценариото и отиде доста напред во тоа. И еден ден ми рече: „Слушај, дете, ако умрам, ти ќе го направиш тоа“. Му реков: „Молчи!“ Но, тој почина. Кога ме замоли да го направам ова, не одговорив. Сепак, тој ѝ кажа за тоа на својата сопруга, студиото, продуцентот… Па, така, јас ќе го снимам петтиот филм, изјави Мел Гибсон (65).

Глумецот ќе се врати како детективот Мартин Ригс. Се очекува да му се придружи и 75-годишниот Дени Гловер како неговиот партнер Роџер Мурто. Првиот филм од „Смртоносно оружје“ беше објавен 1987 година. Продукцијата доби голем број награди, како и номинација за Оскар. Останатите четири филма беа објавени во 1989, 1992 и 1998 година.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска