ВИДЕО: Не знае кој е, никoгo не познава, а зборува само шведски

Од:

Откако полицијата во една мотелска соба во Палм Спрингс онесвестениот морнарски ветеран Мајкл Томас Боутврајт, брзо го пренесоа во болница.

Но, откако се разбудил, не знаел кој е и работата да биде поинтересна – зборувал само шведски. Иако во докуементите стои дека е Американец од Флорида, Боутврајт тврди дека неговото име е Јохан Ек и дека не ги препознава пријателите, ниту пак членовите од семејството.

Лекарите тврдат дека станува збор за транзиторна глобална амнезија, дисоцијативна фуга (лица со овие нарушувања можат да заборават важни случувања од нивното минато или пак привремено да заборават на тоа или дури попримат нов идендитет) или комбинација на овие две нарушувања, но не исклучуваат дека во овој случај би можело да се работи за нешто потполно ново.

На многумина оваа ситуација би можела да им се чини некако како сценарио за некој трилер, но Боутврајт тврди дека сето ова не делува како почеток на некоја забавна авантура, туку како депримирачка и неиздржлива ситуација со која тешко се носи.

– Понекогаш сум само тажен, а понекогаш сум бесен затоа што никого не познавам, изјави за The Desert Sun од помош на преведувач.

Во овој случај постои и проблем со неговото сместување. Всушност 61-годишен човек нема приходи, не е здравствено осигуран и кај него имал само 180 долари.

Властите врз основа на присобраните информации заклучиле дека станува збор за графички дизајнер кој во Јапонија и Кина неколку години предавал англиски, а шведски начил подоцна, најверојатно во периодот кога во осумдесетите претстојувал во таа земја, каде стакнал и диплома на Универзитетот во Стоклхолм.

Секако, многумина тврдат дека се преправа затоа што вакви случаи често можат да бидат сомнителни бидејќи изгледаат како сценарио за филм.

Виола Вајлер, членка на шведско-американсата заедница која го запознала Боутврајт, тврди дека не верува дека тој ја лажира својата состојба, но додаде и дека не може никако да биде сигурна.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ