Папата Франсис идната недела ќе пристигне во Рио Де Женеиро каде што во организација на Католичката црква ќе се одржи Светски ден на младите, поради што се подготвува најголема полициска акција во историјата на градот.
-Тоа ќе биде најголема полициска акција која некогаш е спроведена во овој град-изјави претставник на државната служба од обезбедување, Роберто Алзир Дијаз Чавез.
Се очекува на манифестацијата која што ќе трае од 22 до 28-ми јуни, да присуствуваат 1,5 милиони млади католици.
Градот ќе го обезбедуваат 30.000 припадници на полициските и воените сили, а Рио ќе го надгледуваат и хеликоптери.
-Обезбедувањето ќе биде значително зголемено за разлика од манифестацијата во Мадрид 2011 година-истакна Дијаз Чавез.
Папата Франсис во текот на престојот во Рио Де Женеиро нема да користи возило со посебно обезбедување т.н папамобил, туку отворени автомобили за да биде поблизу до народот.
Елена Георгиевска