Според Форбс, Реал Мадрид најскап клуб на светот

Од:

 Реал Мадрид е проценет на 3,3 милијарди долари и е најскапиот клуб на светот во рангирањето на американското списание за бизнис Форбс.

„Кралскиот клуб“ до врвот стигна со постојано зголемување на приходите во изминатите три години. Само во сезоната 2011/12 Реал заработил 650 милиони долари, а од 2010 до 2013 добивката ја зголемил за 62%.

На второто место е рангиран англискиот шампион Манчестер Јунајтед со проценета вредност од 3,17 милијарди долари.

Третата позиција е за уште една шпанска фудбалска екипа, а тоа е Барселона која Форбс ја проценува на 2,6 милијарди долари. Американскиот безбол клуб Њујорк Јенкис е четврти со 2,3 милијарди долари.

Од европските екипи во ТОП 10 е и премиерлигашот Арсенал со вредност од 1,32 милијарди долари. Актуелниот европски шампион Баерн Минхен е на 12. место со 1,3 милијарди долари, Милан е 37.ми, Челзи 40-ти.

Гигантите во Формула 1 не се во првите 20 најскапи спортски екипи. Ферари е на 24.место, додека Мекларен е на 47-та позиција.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

„Бинанс“ вложува 200 милиони долари во Форбс

А1он