На социјалните мрежи се појавија повици за протести пред Владата,за вторник во 14 часот, по повод пресудата за Љубе Бошкоски од 12 години за процесот „Ровер“.
„Дојди пред Влада, избори се за правда, Слобода за Љубе Бошкоски“, стои во повикот кој се појави веднаш по изречената казна од 12 години за екс министерот.
Од партијата Обединети за Македонија информираат дека повикот е дезинфорамција.
„Почитувани членови, симпатизери и пријатели утрешниот собир пред влада е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА, за понатамошните активности ќе бидете благовремено известени“, се вели во соопштението од партијата.
И од неговото семејство информираат дека повикот за утрешниот протест е дезинформација, а за сето она што ќе биде организирано јаноста ќе биде известена.