ВИДЕО: Трагедија на снимање! Актерот Алек Болдвин го уби директорот на фотографија и го рани режисерот

Од:

Актерот Алек Болдвин случајно уби член на филмската екипа, а го повреди и режисерот и сценарист на новиот филм „Rust“.

Актерот со реквизит пиштол го убил директорот на фотографија и го ранил режисерот Џоел Соузa, ги пренесува Гардијан зборовите на властите во Ново Мексико.

„Шерифот потврдува дека две лица биле застрелани на сетот на „Rust“. Директорката на фотографија Хејлин Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) биле застрелани кога актерот и продуцент Алек Болдвин пукал од реквизит пиштол“, се вели во извештајот.

„Госпоѓа Хачинс со хеликоптер беше пренесена во болница каде беше прогласена за мртва. Соуза е во болница на лекување“, се додава во извештајот.

Не се соопштува колку се сериозни повредите на Соуза.

Се наведува дека истрагата е отворена и активна, а во врска со овој инцидент не се преземени никакви правни дејствија.

Од канцеларијата на шерифот изјавиле за Гардијан дека Болдвин доброволно разговарал со истражителите и си заминал по разговорот.

Претставниците на медиумите на Алек Болдвин изјавија дека до инцидентот дошло откако актерот пукал од пиштол со лажна муниција, без да наведат детали.

Снимањето е прекинато.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска