Награда за животно дело за Квентин Тарантино во Рим

Од:

На американскиот режисер Квентин Тарантино, познат по филмовите „Убиј го Бил“ и „Неславни копилиња“, му беше доделена наградата за животно дело на Филмскиот фестивал во Рим. Одличјето му го додели италијанскиот режисер на хорор-филмови, Дарио Арџенто, кој стои зад насловите „Суспирија“ и „Длабоко црвено“.

– Фактот дека 30 години подоцна сум овде во Рим и добивам награда за животно дело, а граѓаните на Рим знаат кој сум, е, просто – посебно!, рече Тарантино.

Тарантино (58) присуствуваше на настанот за да ја прими наградата, заедно со неговата сопруга.

Во својата 30-годишна кариера, Тарантино напиша и режираше девет хитови, меѓу кои „Џеки Браун“, „Уличи кучиња“ и „Си беше еднаш во Холивуд“. Сценаристот и режисер направи своевидна револуција во начинот на снимање филмови. Тој беше награден со два Оскари за најдобро оригинално сценарио за „Евтини приказни“ во 1995 година и „Џанго без окови“ во 2013 година.

Фестивалот во италијанската престолнина беше отворен на 14 октомври со „Очите на Тами Феј“ и ќе трае до 24 октомври. Во сабота награда за животно ќе добие и режисерот Тим Бартон.

Официјалната селекција на фестивалот вклучува 23 филма од различни жанрови и различни облици на изразување. Учествуваат 23 земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Доминиканската Република и Косово. Фестивалот ќе ја затвори својата програма со филмот „Вечна“ на оскаровката Клои Жао.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска