Холандските власти го затворија стадионот „Гоферт“ во градот Нијмиген, откако во неделата се урна дел од трибина за време на прволигашкиот натпревар меѓу домаќинот Нец и Витесе.
Инцидентот се случи на дел од трибината со навивачи на Витесе по завршувањето на натпреварот кога започнаа да ја прославуваат победа од 1-0
За среќа беше избегната трагедија и никој не беше повреден.
Засега не се познати причините кои довелоа да се урне дел од стадионот, што е во сопственост на Градот.
– Бидејќи не знаеме зошто дел од трибината се урна, мораме да го затвориме стадионот. Доколку тоа не го направиме, безбедноста ќе биде загрозена. Стадионот повторно ќе биде отворен откако ќе бидеме 100 отсто сигурни дека објектот ќе биде безбеден, соопштија градските власти во Нијмеген.