Клинтон денеска ќе биде пуштен од болница

Од:

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се очекува денеска да биде пуштен од болница во Калифорнија, каде што се лекува од инфекција неповрзана со Ковид-19, соопшти неговиот портпарол.

Клинтон (75), кој беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, беше примен во Универзитетската болница Ирвин во Калифорнија, јужно од Лос Анџелес, во вторникот вечерта поради инфекција на крвта.

Неговиот портпарол вчера на Твитер напиша дека Клинтон ќе остане уште една ноќ во болница за да продолжи да прима интравенски антибиотици и оти најверојатно ќе биде пуштен денеска, додавајќи дека сите здравствени индикатори се движат во добра насока.

Според „Њујорк тајмс“, кој се повикува на соработник на Бил Клинтон, тој добил инфекција на уринарниот тракт која се развила во сепса.

Би можело да ве интересира

25 години од големиот скандал, Моника Левински изгледа подобро и привлекува внимание

Бил Клинтон има корона

Бил Клинтон отпуштен од болница

Ана Ололовска

Бил Клинтон примен во болница заради инфекција на крвта

Катерина Ѓуровски

Според тајни документи Клинтон одбил да се сретне со британската кралица

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бил Клинтон изгледа задрема додека го слушаше говорот на Бајден

Жарко Настоски