Во пукање на стадион во Алабама на кој имало средношколски натпревар повредени се четири лица.
Две од четирите жртви се малолетни. Три машки лица и една девојка се пренесени во болница. Една од жртвите е во критична сосотојба соопштија од полицијата.
Полицијата смета дека има неколку лица инволвирани во инцидентот, но дека пукало едно лице. Не е познат мотивот за пукањето.
Полицијата добила информација дека најмалку две лица веднаш по пукањето влегле во бел автомобил и побегнале од местото. Се трага по нив.