Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри

Од:

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам ги сумираше впечатоците по финалето во Лигата на нации против Шпанија (2:1).

– Многу сум горд на играчите и многу сум среќен за нив. Губевме во двата меча на завршниот турнир. Во финалето брзо го израмнивме резултатот откако примивме гол. Покрај талентот, овој тим има и карактер и менталитет, и јас сум многу горд на играчите. Направивме сè за да стигнеме овде. Кога сте во финалето, секогаш е најдобро да го победите. Престанавме да играме 20 минути по почетокот на средбата, а тоа не можете да го направите против Шпанија. Нашиот систем и начинот на кој работиме во него сè уште треба да се подобрат, истакна Дешам за официјалната веб-страница на УЕФА.

Француската репрезентација е вториот победник во историјата на Лигата на нации. Првиот турнир го освои репрезентацијата на Португалија.

Претходно, Французите станаа победници на Светското фудбалско првенство 2018 година во Русија.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Светскиот првак ја освои Лигата на нации: Франција преку Шпанија до титулата