Победничката на УС Опен 2021 загуби во второто коло на турнирот во Индијан Велс

Од:

Британската тенисерка Ема Радукану, ноќеска во второто коло на турнирот во Индијан Велс загуби од 100. светски рекет, Белорусинката Александра Саснович со резултат 0-2, по сетови 2:6 и 4:6.

Мечот траеше 1 час и 26 минути. Победничката на УС Опен 2021 направи два аса четири двојни грешки, а исто така претвори две од пет брејк топки.

-Разбрав дека треба да излезам и да ја покажам мојата игра, да играм 100%. Знаев дека Ема го освои УС Опен, а јас таму загубив во првото коло. Мала разлика, нели? Па јас само се обидов, истакна Саснович.

Таа во третото коло ќе се сретне со Романката Симона Халеп.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он