СДСМ-Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски не изградија ништо важно за Скопје, освен стиропор и исушени палми

Од:

Поранешниот градоначалник Коце Трајановски имаше цели осум години да изгради нешто значајно за Скопје. Најголем капитален проект на ВМРО-ДПМНЕ беше уништувачкиот проект „Скопје 2014“, од кого залудно сега бегаат и Коце Трајановски и Данела Арсовска, реагира СДСМ Скопје на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопјани не видоа ништо од ветените капитални проекти на Коце Трајановски за подземна сообраќајница Влада-Комплекс Банки, подземни пешачки премини, изградба на Ски-патеки на Водно, итн. Наместо капитални проекти во Скопје, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ градеа стиропорни фасади и сечеа дрвореди за проширување на постојните улици“, се вели во реакцијата на СДСМ Скопје.

„Во времето на Коце Трајановски се градеа булевари со автоперални на коловоз, а денес се гради со план, без мега-ветувања за непромислени решенија, туку со систематски пристап со кој се решаваат децениски проблеми во Скопје.

Бесмислени се лажните обвинувања дека некој присвојувал проекти на Коце Трајановски, кога тој имаше цели осум години да ги реализира, а не го направи тоа. Исто како што беа бесмислени градските плажи на Коце кои испустеа, и греаните палми кои се исушија“, се додава во реакцијата на СДСМ Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски