Гутереш бара докази за обвинувањата на Етиопија за мешање на ОН

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш побара од Етиопија, која протера седум претставници на ОН, докази за обвинувањата кои етиопскиот амбасадор ги изнесе против нив на состанокот на Советот за безбедност.

– Моја должност е да ја бранам честа на Обединетите нации, изјави Гутереш по состанокот со амбасадорот на Етиопија во ОН, Таје Атске Селасие.

Владата во Адис Абеба минатата недела протера седум високи претставници на ОН со образложение дека се мешале во внатрешните работи на земјата, а Селасие тоа го прошири во средата, обвинувајќи ги вработените во ОН дека измислувале податоци, лажни тврдења дека гладот се користел како оружје во војната и оти населението гладува, како и за поддршка на владините непријатели, Народноослободителниот фронт на Тиграј (TPLF).

– Користејќи измислени наводи, тие сакаа да создадат ситуација слична на Дарфур. Одеднаш и преку ноќ создадоа милион жртви на здравствена катастрофа, рече Селасие.

Гутереш одговори на Советот за безбедност, велејќи дека не видел никаква информација од Етиопија за тврдењата на амбасадорот и оти двапати побарал од премиерот на Етиопија, Аби Ахмед, да сподели информации доколку постои загриженост за непристрасноста на персоналот на ОН, за да можат да се истражат.

– Го прашав премиерот двапати. Досега, не сум добил одговори на овие барања. Луѓето во Етиопија страдаат. Ние немаме друг интерес освен да помогнеме да се запре тоа страдање, нагласи Гутереш.

Во војната што избувна пред 11 месеци меѓу федералните трупи на Етиопија и бунтовничките сили на TPLF, кои го контролираат Тиграј, загинаа илјадници луѓе, милиони ги напуштија своите домови, а конфликтот се прошири и во соседните Амхара и Афар.

Генералниот секретар на ОН рече дека на седум милиони луѓе во Тиграј, Амхара и Афар им е потребна помош, а околу 400.000 живеат во глад и ја повика владата на Етиопија да дозволи непречено движење и испорака на хуманитарна помош, а Советот за безбедност да ги поддржи напорите на ОН.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство