Сабаленка се откажа од Индијан Велс поради позитивен корона тест

Од:

Втората светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка нема да настапи на претстојниот турнир во Индијан Велс, бидејќи е позитивна на Ковид-19.

Сабаленка требаше да биде прва носителка на турнирот по откажувањето на Канаѓанката Ешли Барти.

– За жал, позитивна сум и не можам да се натпреварувам, објави 23 – годишната Сабаленка на својот Инстаграм профил.

Откажувањето на Белорусинката е уште еден удар за организаторите на турнирот, кој започнува утре, откако од настап претходно се повлекоа најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, победничката од 2018 година Наоми Осака и 23-кратната грен-слем шампионка Серена Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он