Финансиски злоупотреби во Јужна Африка со фондот за справувањето со коронавирусот

Од:

Јужноафрикански инспектори денеска побараа поранешниот министер за здравство да биде казнет, а висок функционер да се соочи со кривична пријава за скандал со пари од фондот за „Ковид“, вреден 10 милиони долари.

Во извештајот на Единицата за специјални истраги (СИУ) се наведува дека поранешниот министер за здравство Звели Мхизе ги надгледувал договорите преку Дигитал Вајбс, компанија управувана од неговата поранешна портпаролка и личен асистент. „Земајќи пари за едукација на јавноста како да биде безбедна за време на пандемијата, неговиот син Дедани Мхизе си купил „Ленд крузер“ и подигнал „значителни готовина“, се вели во извештајот.

СИУ, независна агенција за спроведување на законот со овластувања слични на оние на ФБИ, соопшти дека поранешниот генерален директор на Министерството за здравство Антон Пилеј треба да биде обвинет за финансиски малверзации.

Актуелниот извршен директор Сандил Бутелези беше сменет викендов.

Агенцијата соопшти дека ќе даде подетални препораки за овие мерки подоцна.

Извештајот на СИУ не навлегува во детали за тоа како се потрошени парите.

Локалните медиуми објавија дека вработен во Дигитал Вајбс го однел своето семејство на едномесечно патување во Турција за време на вториот бран на коронавирус во Јужна Африка.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски