Шампионката на УС Опен, Ема Радукану, доби специјална покана за турнирот ВТА 1000 во Индијан Велс (САД).
Ова ќе биде нејзин петти турнир во главната фаза по Нотингем, Вимблдон, Сан Хозе и УС Опен.
Радукану се уште нема победа на ВТА турнирите, туку само на мечеви на Грен слем.
Британката планира да игра три турнирски недели по ред: во САД (6 -17 октомври), на ВТБ Купот на Кремљ во Москва (Русија од 18 – 24 октомври) и во Клуж-Напока (Романија 25 – 31 октомври).
Радукану во моментов е 22-ра на светската ранг-листа.