На Караџиќ сепак ќе му се суди за геноцид во седум општини на БиХ

Од:

Хашкиот трибунал ја поништи денеска одлуката на Првостепениот совет за ослободување на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ од обвинувањата за геноцид во седум општини на БиХ и ја врати во сила оваа точка од обвинението.

Денешната одлука на Трибуналот означува дека Караџиќ ќе треба да застане пред суд по две обвиненија за геноцид. Со одлуката, на поранешниот претседател на Република Српска ќе му се суди за геноцид врз босански Хрвати и Бошњаците на територијата на Босна и Херцеговина за време на војната од 1992 до 1995 година, при што загинаа 100.000 луѓе, како дополнување на обвинението за геноцид во Сребреница.

Обвинителството поднесе жалба по четири основи на пресудата на Советот, кој како образложение наведе дека со обвинението не се успеало да се докаже дека силите на босанските Срби се обиделе Бошњаците и Хрватите „да ги уништат целосно или делумно како етнички групи“, што е услов за геноцид.

Обвинителството го товари Караџиќ за геноцид во Сребреница, протерување на Бошњаците и Хрватите ширум БиХ, тероризирање на граѓаните во Сараево со артилериски напади и киднапирање на припадници на мировните сили на ОН во периодот од 1992 до 1995 година. Судењето на Караџиќ започна на 26 октомври 2009 година.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска