Фудбалерот на Пари-Сен Жермен, Лионел Меси учествуваше на денешниот тимски тренинг во општата група во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер сити.
Триесет и четиригодишниот Аргентинец пропушти два натпревари во Париз поради повреда на коленото.
– Според информациите од таборот на парискиот клуб, Меси ќе биде на списокот за натпреварот против Сити, објави новинарот на „ТНТ Спортс“, Марсело Бехлер.
Натпреварот ПСЖ – Манчестер сити ќе се одигра на 28 септември, со почеток во 21 часот.