Заклучно до вчера до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.
Државниот завод за статистика од денеска, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.