Ако некогаш сте се запрашале како би изгледало миење коса во вселената, некои одговори понуди американската астронаутка Карен Ниберг, која моментално живее и работи во Меѓународната вселенска станица (ISS).
Таа сними кусо видео каде демонстрира како ја мие својата долга коса. Со оглед на тоа што се наоѓа во безтежинска состојба, процедурата не е едноставна.
Само за пример, топла вода не излегува од тушот, туку потребно е да се истисне од вреќата, внимавајќи притоа капките да не се разлетаат по целиот ISS.
Ниберг објасни дека откако ќе ја исуши косата, влагата ја собира климатизацискиот систем на Станицата, од каде целата вода оди во рециклажна машина која „создава“ питка вода за астронаутите.