Екипите на Шкендија, Шкупи и Борец се последните патници во осминафиналето на Македонскиот фудбалски куп.
Во преостанатите три шеснаесетфинални пресметки, актуелниот шампион Шкендија попладнево триумфираше на гостувањето во Пехчево кај Кит Го, вицешампионот Шкупи со победа се врати од натпреварот на гостински терен во Велешта, а гостински триумф забележа и Борец над Њу Старс
Македонски фудбалски куп 1/16 финале:
Кит Го – Шкендија 0-2
Велешта – Шкупи 0-1
Њу Старс – Борец 1-4
Пласман во осминафиналето во најмасовното фудбалско клупско натпреварување минатата недела обезбедија Македонија ЃП, Вардар, Скопје, Охрид, Ренова, Пелистер, Беласица, Работнички, Тиквеш, Струга и Брегалница.