МНР: Ги осудуваме вчерашните инциденти пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски

Од:

Министерството за надворешни работи (МНР) ги осудува вчерашните инциденти во Скопје, пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски. Насилството, како што наведува, е неприфатливо во ниту еден случај, особено не кога резултира со тешки повреди.

Органите за безбедност, додава МНР, ја имаат сета поддршка во спроведувањето на јавниот ред и мир.

-Повредениот бугарски државјанин е третиран професионално и со соодветна грижа; во моментов тој се наоѓа во стабилна, но тешка состојба, и по хируршкиот третман закрепнува во болница во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот бугарски државјанин и неговите роднини, како и со локалните здравствени власти. Надлежните органи на Република Северна Македонија веќе ги презедоа и ќе продолжат да ги преземаат неопходните мерки за ефективна истрага и гонење во врска со настанатите инциденти. Како што и порано во неколку наврати имаме посочено, Република Северна Македонија е слободна земја и добредојдени се сите оние кои сакаат да ја посетат земјава, привилегија која не подразбира дека е прифатливо од овде да се искажуваат навреди, особено не тези кои подразбираат територијални претензии и/или негирање и навреди по основ на етнички, религиски или други идентитетски основи, наведуваат од МНР.

Според МНР, како и порано, прекршувањето на овие правила ќе биде соодветно адресирано од страна на надлежните институции, а на ваквите поединци ќе им биде ограничена привилегијата за присуство во земјава.

-Република Северна Македонија и Република Бугарија се добри соседи кои политичките разлики ги надминуваат со дипломатски средства, негувајќи ја културата на добрососедски дијалог, наведува од Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

МНР: За членовите на ДКСК ќе се одлучи дали да добијат дипломатски или службени пасоши

МНР: Соопштението на СДСМ е целосна лага и невистина, Муцунски во Вашингтон не беше придружуван од својата сопруга

Горан Наумовски

МНР: Пописот во Албанија не ја отсликува соодветно реалната бројка на Македонци во земјата

Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

A1on

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов