Џесика Рабит добива нов, политички коректен лик

Од:

Љубителите на „Дизни“ ја знаат Џесика Рабит како еден од најпознатите секс-симболи во анимираниот свет. Тоа ја прави саканата (и „бујна“) „фатална жена“ од играно-цртаниот филм „Кој го намести Роџер Рабит?“ – своевидна аномалија во инаку „претежно семејниот свет“ на „Дизни“.

Легендарниот женски лик со гласот на Ејми Ирвинг, Кејтлин Тарнер и други глумици, сепак, се менува… Но, не во филмот во режија на Роберт Земекис од 1988., туку засега само во возниот парк „Роџер Рабит“ на „Дизниленд“ во Анахајм, Калифорнија, САД, посветен на оваа филмска класика. Таму, таа ќе биде „помоќна и многу помалку оскудно облечена“, соопштуваат од „Дизни“.

Обожавателите се со измешани емоции околу тоа – некои ракоплескаат, додека некои и се потсмеваат со овој потег.

Сѐ ова е, според сѐ, во рамки на трендот и стремежот на „Дизниленд“ на своите „спорни“ женски ликови од минатото да им даде помалку стереотипни и политички покоректни својства и одлики.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ