Поранешниот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика почина на 84-годишна возраст по долго боледување. Тој управуваше со земјата речиси две децении. Поднесе оставка во 2019 година, откако неговата кандидатура за петти мандат доведе до масовни улични протести.
Бутефлика одигра клучна улога во Алжирската војна за независност во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, потсетува Би Би Си. Тој стана претседател во 1999 година по крвавата граѓанска војна, во која загинаа речиси 200.000 луѓе.
Поранешниот алжирски претседател ретко се појавуваше во јавноста по 2013 година, кога доживеа мозочен удар и имаше потешкотии со говорот и движењето.