Кога 4.400 луѓе ненадејно ќе исчезнат, па истовремено и исто толку ненадејно ќе се пojaват на лицето на планетата Земја, вонземјаните се „главните осомничени“. Тоа го посочува трејлерот за новите епизоди на ТВ-серијата „4.400“.
Всушност, се работи за продолжение на светскиот хит од предминатото десетлетие, со нови ликови и преработена и малку изменета приказна. Оригиналната серија се емитуваше од 2004 до 2007 година.
Меѓу глумците во новите епизоди се Џозеф Дејвид-Џонс, Британи Адебумола, Џеј Лајдимор, Амар, Кори Џакома, Дерик А. Кинг, Калија Џонсон , Т.Л. Томпсон и други. Продукцијата е на Си-би-ес.
Првата епизода е закажана за 25 октомври, оваа 2021 година.