Вкупно 199.313 лица, 57.470 домаќинства и 65.222 станови се попишани во првите четири дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, до вчера во во 07:30 часот, ја искористиле – 192.095 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.