Човек од Ајдахо (САД), со помош на својот петгодишен син, го подобри Гинисовиот рекорд за најбрз 10-метарски спринт со туркање спортска детска количка.
Дејвид Раш, кој постави повеќе Гинисови рекорди, рече дека со години сакал да го подобри и овој рекорд, но морал да чека син му да го исполни минималниот услов за тежина. Со поставувањето нови светски рекорди, Раш има за цел да ја промовира науката, технологијата, инженерството и математиката и образованието.
Видеото објавено на Јутјуб покажува дека Дејвид Раш прво го отвора седиштето, го става детето во него, туркајќи го трча потребното растојание од 10 метри и на крај повторно ја преклопува количката.
Времето коешто Раш и неговиот син мораа да го урнат беше 15 секунди. Тие двајцата се справија со предизвикот за 10,04 секунди.