Играчот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го коментираше трансферот на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо во таборот на „Црвените ѓаволи“.
– Ентузијазмот ќе биде огромен, секој знае дека со Кристијано тоа е реалност. Секој се чувствува сигурен и среќен што се тој се врати. Знаеме што може да ни даде Роналдо. Кристијано и јас имаме една цел – да победуваме. Со него сме поблиску до трофеите, изјави Фернандеш за официјалниот сајт на Манчестер јунајтед.
Триесет и шестгодишниот Роналдо, кој играше за Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година, се врати во англискиот клуб од Јувентус на 31 август 2021 година.