Хрватските трговци ќе се жалат пред европските судови за фискалните апарати на пазарите

Од:

Продавачите од хрватските пазари, кои денеска протестираат во Загреб и во другите градове низ земјата, против воведување на фискални апарати на пазарите, изјавија дека ќе се жалат во европските судови против оваа одлука, пренесе Танјуг.

Претседателот на Здружението на хрватски пазарџии Нико Перван изјави дека фискализацијата на пазарите и нанесува „неизмерливи штети и срам на Хрватска“ и продавачите, за жал, се принудени своите права да ги бараат пред институциите на Европската унија.

Според полицијата, на централниот плоштад во Загреб се собрале околу 600 демонстранти, но според оценка на Перван таму имало околу 1.500 трговци од цела земја.

Протестот против фискалните апарати на пазарите денеска е организиран и во Сплит. Протестите на продавачите траат повеќе од една недела.

Министерот за финансии Славко Линиќ ги отфрли барањата пазарите да се ослободат од сеопштата фискализација на трговските објекти, воведена од 1 јули, кога Хрватска стана полноправна членка на Европската унија. Тој изјави дека државата треба да знае „кој продава и каде одат парите“.

Претставници на продавачите изјавија дека не се борат против плаќањето даноци, туку сакаат тоа да се случи според модел, што ќе одговара на работата на отворено, на дожд, снег и лоши услови.

Освен тоа, тие истакнуваат дека на тезгите главно работат стари луѓе, кои тешко се справуваат со електроника, а и цените на пазарите се определуваат со пазарење (ценкање) и постојано се менуваат.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами