Загрепчанец фотографираше пример за човечност кон оние што не ги познаваме

Од:

Еден жител на Загреб од неговиот прозорец сними случка што ги воодушеви неговите пријатели и корисниците на Фејсбук.

„Недела е. Врне. Секој што може – е в кревет. Некој ги оставил отворени двата прозорци во автомобилот. Не се знае кој… А, оваа жена наишла, веројатно од пекарницата… Праша неколку од малкуте минувачи и соседи дали знаат чиј е овој автомобил. Никој не знаеше. Таа замина. Но, се врати за 5 минути и ги залепи страничните прозорци за дождот да не ја навлажни внатрешноста. Колкумина од нас се подготвени да направат вакво нешто за некој друг?“, праша загрепчанецот покрај фотографијата од настанот.

„Секоја чест од госпоѓата“ – се сложија дел од луѓето со него.

„Таа не го спаси светот од глад и војни, но ова е чекор во вистинската насока… Затоа што, како што рече американскиот адмирал Мекрејвен – ако сакате да го смените светот, почнете да си го поправате својот кревет…“, заклучи човекот под сликата.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ