Хрватска тинејџерка проговори на чист германски по будењето од кома

Од:

Една 13-годишна девојка од хрватскиот град Книн почна да зборува на чист германски јазик, откако се разбуди од 24-часовна кома.

Родителите на девојката изјавија дека таа учела германски јазик на училиште, но дека никогаш не го говорела толку добро како сега.

Она што доплнително збунува во целата ситуација е тоа што по будењето од кома таа не разбира хрватски, туку комуницира само на германски.

Лекарите во болницата во Сплит, каде што е сместена девојката, признваат дека е ова е нависитна невообичаен случај и се обидуваат да ги утврдат причините за тоа.

– Во минатото нешто вакво ќе беше сметано за чудо, но денес експертската јавност е сигурна дека мора да има некое логично објаснување, само што уште не е откриено, изјави психијатарот Мијо Милас.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами