Топлотен бран во Тунис, регистрирани рекордни 49 степени Целзиусови

Од:

Топлотниот бран што го зафати северниот дел на Тунис е причина за рекордно високите температури, вклучувајќи ги пеколните, рекордни, 49 степени Целзиусови измерени во вторникот во главниот град на земјата, соопшти денеска Метеоролошкиот институт.

Во некои делови од земјата, високите температури предизвикаа прекин на електричната енергија, бидејќи луѓето ја преоптоварија електрична мрежа со користењето на климатизерите.

Според Метеоролошкиот институт, претходната највисока измерена температура во Тунис изнесувала 46,8 степени Целзиусови, а била регистрирана во 1982 година.

Рекордно високи температури вчера беа измерени и во северните градови Бизерте и Беја.

Денеска се очекуваат температури од 40 степени Целзиусови.

Во некои делолви на Тунис вчера и денеска избија пожари.

Разурнувачки шумски пожари, предизвикани од пеколното време, во изминатите неколку дена, избија во медитеранските земји, опустошувајќи ги шумите и вегетацијата во Грција, Турција и Алжир.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен