Хрватска планира да ги даде под концесија магистралите

Од:

Хрватска планира да ги даде под концесија магистралите идната година, за да ги врати кредитите, земени за развој на патната инфраструктура.

Новата членка на ЕУ зеде големи кредити во последната деценија, за да ја реконструира патната мрежа, обезбедувајќи полесен пристап до познатите одморалишта на јадранското крајбрежје за граѓаните на побогатите соседни држави. Тоа стана причина за задолжување со околу четири милијарди евра.

– Ако не ги дадеме под концесија магистралите, државните гаранции за тие кредити ќе бидат активирани, што значи дека државниот долг ќе се зголеми, а ние не можеме да си го дозволиме тоа, изјави министерот за транспорт Синиша Хајдаш Дончиќ.

Според првичните планови, магистралите може да бидат дадени под наем за период меѓу 30 и 50 години, а Владата има за цел да добие меѓу 2,4 и 3,2 милијарди евра, изјави министерот за транспорт.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами