Гугл и Фејсбук само на вакцинираните вработени ќе им дозволат да се вратат во канцеларија

Од:

Интернет гигантите Гугл и Фејсбук најавија дека ќе бараат сите вработени кои работат во нивните канцеларии да бидат вакцинирани против Ковид-19.

Што се однесува на Гугл, обврската ќе стапи во сила следните недели во САД, а потоа ќе опфати и други региони во светот, рече извршниот директор Сундар Пичаи. Тој појасни дека правилото нема да важи во земјите каде што тешко се добиваат вакцини. Исклучоци се предвидени и за луѓе кои не можат да се вакцинираат од медицински причини.

Слично на тоа, Фејсбук ќе бара „секој што ќе дојде во еден од нашите кампуси во САД да биде вакциниран“, изјави Лори Голер, потпретседател на компанијата. Во јуни, социјалната мрежа објави дека вработените кои сакаат да работат со полно работно време од дома можат да аплицираат доколку работата им го дозволува тоа.

Фејсбук планира да ги отвори своите канцеларии со 50 проценти капацитет во септември. Гугл вчера објави дека датумот за официјално враќање во канцелариите е 18 октомври, иако првично се најавуваше 1 септември. Оттогаш, околу 80 проценти од вработените треба да работат физички во канцеларијата на компанијата најмалку три дена во неделата. Околу 20 проценти од вработените ќе продолжат да работат од своите домови.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска