Новото засилување на Реал Мадрид, дефанзивецот Давид Алаба, е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска шпанскиот фудбалски прволигаш.
Во клупското соопштение нема детали во каква здравствена состојба е Алаба.
Информацијата доаѓа само една недела откако „кралскиот“ клуб го промовираше австрискиот репрезентативец за свое ново засилување.
Алаба дојде во редовите на Реал без обесштетување, откако мина 13 сезони во Баерн Минхен.
Дефанзивецот е втор фудбалер на Реал заразен со коронавирус, откако клубот минатата недела потврди дека е заразен и напаѓачот Карим Бензема.
Првиот натпревар во новата сезона Реал Мадрид ќе го игра на 14 август против Алавес на гостински терен.