Заев: Ние ги исполнивме условите, Брисел нека се јави кога ќе одлучи да го продолжиме процесот

Од:

Северна Македонија продолжува со процесот на европеизација на земјата и ги почитува правата на сите граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека во Македонија има системско нарушување на човековите права на граѓаните со бугарска самосвест и оти Скопје само мисли дека ги исполнува критерумите за членство во ЕУ.

Радев вчера, на средба со претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, рече дека Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но дека нема да дозволи да се кршат правата на Бугарите во Северна Македонија.

„Јас реков, тоа е работа на ЕУ – кога ќе одлучат да го продолжиме процесот, нека ни се јават. Ние во меѓувреме продолжуваме со европеизацијата овде. Имаме сериозни процеси на агендата Европа дома, која што значи унифицирање на царинскиот тарифник, еве денеска на Владата е првата фаза, па продолжуваат консултациите каде што сите царини ги изедначуваме на ниво на ЕУ. Тоа е дел од поглавјата, ние веќе го правиме. Во делот на унапредувањето на сите други аспекти во општествениот живот исто така секојдневно работиме, затоа што нашиот пат кон ЕУ всушност значи европеизација овде, на институциите на С.Македонија и на животот на граѓаните на земјава“, изјави Заев.

Премиерот порача дека на очиглед на целата јавност, неговата влада покажала почит и тој се појавил на манифестации организирани од бугарските здруженија кога бил поканет, како и дека бил подигнат и споменик на полковникот Гарванлиев.

„Дефинитивно мислам дека сме пример и било што претставува забелешка ние сме спремни овде да ја адресираме, но не може политички претставници да повикуваат и да зборуваат за политики и оттука да влечат заклучоци за одредени права или не. Дај да видам колку пати нивните политичари во Бугарија се појавиле на одредени манифестации на помалкубројни заедници во Бугарија. Јас, Пендаровски, Талат Џафери, министрите, насекаде сме се појавувале на било кој регион во државата на било какви културно историски и традиционални манифестации, на одредени форуми, конференции… секојпат со респект и почит затоа што тоа се нашите граѓани, тие се граѓани на Република Северна Македонија. Така што најважно на кое што треба да се посветиме е да им овозможиме на младите, на децата, на сегашните генерации да не се мразат, да се сакаат, да се почитуваат, да си помагаат, да си соработуваат. Таа историја денеска што ја пишуваме е најважната историја“, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев