Поранешната прва светска тенисерка Ким Клијстерс најави дека викендов во Атланта ќе одржи егзибициски натпревар против Слоун Стивенс.
– Тежок тренинг! Сега е време да се опуштиме. Назад на теренот викендов во Атланта. Убаво е да се игра со Слоун! – напиша Белгијката на социјалните мрежи.
Клијстерс играше минатиот февруари, но поради пандемијата и повредите оттогаш се појави само на еден турнир – УС Опен 2020.