Франција го затвори на две години пазарот на труд за хрватските работници

Од:

Франција воведе двегодишно ограничување за хрватските работници кои сакаат да влезат на францускиот пазар на труд, беше објавено на официјалната веб страница на француската администрација.

Тоа се времени мерки и тие ќе завршат, што се однесува на Хрватска, најрано до 30 јуни 2015 година. Овој период може да се продолжи за три години, до 30 јуни 2018 година, а потоа евентуално за уште максимум две години, ако то го налага состојбата со невработеноста во Франција, се наведува во соопштението.

Досега девет земји од ЕУ најавија ограничување на хрватските работници, меѓу кои Германија, Холандија, Кипар, Австрија, Велика Британија, Словенија, Белгија, Шпанија и Луксембург. Дванаесет веќе потврдија дека нема да воведат ограничувања, а тоа се Португалија, Полска, Шведска, Романија, Унгарија, Ирска, Словачка, Чешка, Данска, Финска, Естонија и Литванија, додека останатите се уште намаат донесено конечна одлука.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами