Според тајни документи Клинтон одбил да се сретне со британската кралица

Од:

Според документи од кои е тргната ознаката за тајност, поранешниот американски претседател Бил Клинтон одбил да се сретне со британската кралица.

Во декласифицираните документи на Даунинг стрит се вели дека за време на неговата посета на Велика Британија во 1997 година, американскиот претседател „мртов ладен“ ја одбил љубезната покана на нејзиното височество за шолја чај, со објаснување дека повеќе би сакал да шета низ Лондон како обичен турист и да јаде нешто во индиски ресторан.

Таа година, како што е објаснето, Клинтон и неговата сопруга биле во Лондон во посета на тогаш новоизбраниот британски премиер, Тони Блер.

Приватниот секретар на Блер официјално напиша во белешките дека американскиот претседател воопшто не изразил желба да се сретне со британската кралица, кога му било споменато да пие чај со кралицата Елизабета.

– Белата куќа дефинитивно не покажа никаква намера да оствари контакт со Палатата, напиша тој, додавајќи дека семејството Клинтон многу повеќе сакале понеформална посета на Лондон.

„Американците, претседателот Клинтон и неговата сопруга, рекоа дека се многу почестени од поканата, но тие учтиво ја одбија. Претседателот рече дека повеќе би сакал да биде турист, дека би сакал да ги посети лондонските градини, да оди на шопинг и да јаде нешто во индиски ресторан“, се наведува во документите, кои до неодамна беа класифицирани како тајни.

Би можело да ве интересира

25 години од големиот скандал, Моника Левински изгледа подобро и привлекува внимание

Бил Клинтон има корона

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска

Одвај го издржаа денот: Кралот Чарлс на работ на солзи, заплака и Меган, Хари изостана од погребниот говор

А1он