САД ги олабави препораките за своите граѓани кои патуваат во Македонија

Од:

Центрите за контрола и превенција на болести на САД синоќа ги обновија препораките за патување во Северна Македонија до ниво 1, што значи дека важат стандардни мерки за безбедност при патување со вообичаена внимателност.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, центрите укажаа на ниско ниво на Ковид-19 во земјата и на понизок ризик за зараза или развој на тешка форма на болеста за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД..

Прес-службата на Стејт департментот соопшти дека по направена анализа за безбедноста при патување, мерките на претпазливост се обновени и спуштени на ниво 1 за Северна Македонија, како и за Бермудите, Габон и Романија.

Би можело да ве интересира

САД планираат најризична операција во Иран: Упад на специјалните сили и екстракција на ураниум

Манер: Копнената операција во Иран е осудена на неуспех

Горан Наумовски

САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак

Горан Наумовски

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен